|
|
|
|
•
формирање на трајна база на пациенти со можност за
безбедно архивирање и брзо наоѓање на сите релевантни податоци,
поврзани со нивното лекување во Заводот за неограничен период.
•
детална евиденција на здравствените активности: прегледи
(во амбуланти, лаборатории, дијализа и на одделенија) и
операции по типови, лекари, дијагнози, наоди и терапии
•
поедноставување на администрирањето на здравствените
услуги, особено во однос на неколкукратното впишување на исти
податоци на повеќе документи, при рачното евидентирање
•
воспоставување автоматизам меѓу здравствените,
материјално - финансиските и сметководствените активности со
ефикасно претворање на здравствените услуги во финансиски
ставки, автоматско пресметување на пансионските услуги,
автоматско креирање на фактури од спецификациите и пресметките
и автоматско преземање на материјално - финансиските документи
во сметководството
•
креирање на извештаи и листи што ќе го помогнат
менаџирањето со Заводот
•
компјутерско менаџирање на документите
во Заводот
•
поврзување со надворешниот свет (подготовка
на извештаи за ФЗО и ЗЗЗ, достап на
Интернет)
•
креирање на функционален систем за прецизно, сигурно и
дисциплинирано евидентирање на сите активности
• намалување на трошоците со заштеди на работна сила,
административни услуги, хартија, печатарски и графички услуги. |
|
|