Medica 2002 го сочинуваат програмски
пакети составени од апликации, кои пак
се поделени на меѓусебно функционално поврзани модули.
Генерално апликациите се поделени на
следниве групи:
• работа со пациенти (амбулантска и болничка)
•
позадинско работење (пратење на историја на болеста,
лабораториски анализи, операции, поврзување со компјутеризирани
апарати)
•
статистички анализи, графикони и извештаи, поврзани со
тековните активности
•
материјално работење и водење административно -
техничка евиденција
• фактурирање
•
финансиско работење и сметководство
•
кадровска евиденција
Функционално со овие апликации
компјутерски ќе се подржат:
• База на пациенти
(со сите релевантни податоци)
• Амбулантски прегледи и
извештаи
• Историја на болеста (анамнеза, општ и локален статус, тек на болеста,
сите типови на прегледи, операција, лабораториски наоди, разни
анализи, време на лекување и сл.)
• Дневна терапија
(посебна и вкупна)
• Електронски дневник (за стари и нови пациенти, пратител и др.)
• Отпусни листи
• Статистички лист
• Материјални трошоци
• Материјални услуги
• Фактурирања
• Анализи - биланси (вкупни и подинечни по
периоди и по оддели) за сите категории
на податоци
• Повици - пораки
• Потсетник и закажувања
Содржински апликациите се
состојат од:
1. Амбулантско -
поликлиничко лекување
• внесување и барање на пациентите
(основни податоци и податоци за осигуреникот и
осигурувањето, најава за преглед,
контрола)
•
амбулантски прегледи (наоди
и терапии)
• пресметки (осигурување,
партиципација,
материјали и услуги)
2.
Болничко лекување
• Историја на болеста (матичен
лист, анамнеза,
општ и локален статус, дијагноза,
тек на болеста, сите
типови на прегледи, операции и
интензивна нега, лабораториски наоди,
време на лекување,
отпусна листа и сл.)
• Наоди и извештаи
• Спецификации на материјали и услуги: за одделение и за
престој (пансионски)
3. Специјални апликации
• Лабораториски анализи и наоди
• Трансфузија
• Рентген
• Физикална терапија
• Диспанзер за жени (рано откривање на карцином), Центар
за дијабет
• Болничка аптека и дистрибуција во одделенија
4. Администрација
• Фактури (за стационар и амбуланта) по подрачни единици,
типови на осигурување и партиципација
• Сметководство (материјално и финансиско)
• Кадровска евиденција
• Плати
• Архива
• Магацинско работење и административно - техничка
евиденција
5. Менаџерски систем
• Статистички анализи, графикони и извештаи за прегледи и
операции по лекари
• Материјални извештаи
• Финансиски извештаи за работењето
• Извештаи за ФЗО и ЗЗЗ
6. Додатен софтвер
• Закажување на прегледи и контрола
• Ресторанско работење (кујна)
• Соби - распоред и слободни места
• Повици и пораки (пораки и задолженија, to-do листа,
телефонски именик и адресар)
За функционално и ефикасно користење на
горенаведените модули изработен е дополнителен софтвер кој се
состои од следниве елементи:
1. Софтвер за поврзување
на апликациите
додатни модули (функции и процедури) потребни за
нормално функционирање на апликациите по најновите клиент -
сервер стандарди. Со него работните станици стануваат
мултифункционални (на една станица повеќе апликации),
овозможувајќи на тој начин оптимална организација на работните
места.
2. Софтвер за сигурност на
податоците
се состои од две компоненти: 1. електронско архивирање
(back-up) на податоците и 2. контрола на овластувањата на
корисниците. Првиот дел содржи модули за снимање на податоците
на дополнителни медиуми (дискети, дискови, стримери), а
вториот врз основа на принципите на приоритети и привилегии го
контролира пристапот до податоците од страна на корисниците
(кој што може да чита, менува, додава и брише).
3. Софтвер за генерирање
на репорти
Сите печатени документи дополнително се форматираат во
облик посакуван од корисниците (лого на институцијата, формат
на хартија, слободен текст на документите по желба, естетски
модификации и сл.).
4. Софтвер за трансфер на
податоците
Изработка на модули со кои
ќе се префрлат најнеопходните податоци од веќе користените
електронски системи на евиденција, доколку тоа го дозволуваат
другите техничко - организациони услови. Од друга страна
податоците од апликациите може лесно и брзо да се префрлат во
Microsoft Office апликациите за додатна анализа (Excel)
или презентација (Power Point). |